Skip to main content

Во Свети Николе два пожари додека дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект

Дел од домаќинствата во градот Свети Николе немаат вода за пиење, поради голем дефект на водоводната мрежа, а пожарникарите гаснат пожари на две локации, едниот кај село Ѓуганци, а вториот кај место викано Преодски Ливади, информираше градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Тој во објавата на социјалните мрежи вели дека во моментот се работи на отстранување на голем дефект на водоводната мрежа и дел од градот има прекин на вода.

Вработени од ЈКП Комуналец работат на терен за да се реши проблемот за побрзо време, вели Владев.

Тој додава дека во моментов има пожар во село Ѓуѓанци, кој што е ставен под контрола, но има и пожар во место викано Преодски ливади.

Во ова место се зафатени со пожар две викендици, а пожарот е ставен под контрола а викендиците се спасени. Екипите во полн состав од Пожарна Свети Николе се макотрпно на терен, како и вработени од ЈКП Комуналец, стои во Фејсубк објавата на Владев.

Тој побара  разбирање од страна на граѓаните и какошто пишува „ве уверувам дека се преземаат сите неопходни чекори за решавање на ситуацијата“. 

Поврзани вести