Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Забрчанец и Груби – симболи на медиумското подземје и корумпираната пропаганда

Во врска со денешната лицемерна изјава на СДС, апсолутен факт е дека тие и нивните партнери од ДУИ беа и остануваат најголемите душмани на вистинското новинарство., реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите 7 години го претворија медиумскиот простор во корумпирана квази-мрежа за лични интереси и партиска пропаганда. Секој новинар што не се поклонуваше на режимот беше изолиран, дискредитиран или притискан.

Медиумската машинерија на Артан Груби и Марјан Забрчанец и дрнес е синоним за медиумско подземје – мрежа од уценети портали, милионски тендери и монтирани „вести“ по нарачка.

Но, ова беше времето кога државата тонеше, а народот плаќаше за лагите на властa. Денес, вистината излегува на видело. Македонија е повторно демократска држава. Нема враќање назад.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа вистинската слобода на медиумите, не слобода за криминално здружени квази новинари, туку слобода за професионалци, за објективност, критичност и интегритет.

СДС нема право да зборува за слобода, откако години ја газеше и ја продаваше за рејтинг и власт.

Ги повикуваме новинарите на националните медиуми и другите да кажат дали Забрчанец им правел притисок како што се жалеле пред меѓународната заедница.

Го повикуваме ЗНМ јавно да каже дали има случај на притисок од оваа влада и да го посочат со име и презиме. Такво нешто не постои и затоа соопштенијата на СДС се лицемерни и дегутантни исто како што таткото на хаосот со модуларната Филипче оди кај семејствата од Кочани така и креаторот на притисокот кон медиумите сега пишува соопстенија од СДС. Тоа е таа сдсовска пракса и однесување заради кои имаат 4.5 посто рејтинг а народот јасно го препознава, се наведува во партиската реакција .

Поврзани вести