
За каква одговорност зборува СДС кога за седум години власт тие не обезбедија учебници за ниту едно дете, ниту пак беа способни на крај на учебната да издадат свидетелства. Тоа што СДС треба да направи е да им се извинат на учениците, наставниците, професорите и на цела македонска јавност што не решија ниту еден проблем во образованието, се вели вореакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствен реализиран проекти во образованието и решен проблем во време на власт на СДС е експресното, за една недела, доделување лиценца за универзитетот на Рамиз Мерко за отворање Факултет за здравствени науки.
Цели седум години СДС го деградираше и уништуваше образованието, учениците ги оставија без книги, а наставниците и професорите без соодветни услови и примања.
Оваа учебна година 2025-2026 е прва година која започна и со учебници по странски јазици, нешто што СДС, исто така, за седум години не успеа да го реши.
Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ и наставниците и професорите го добиваат заслуженото за нивниот вложен труд во образување на идните генерации.
До сега платите на сите вработени во образованието се зголемија за 12% и истите ќе продолжат да растат и во иднина, така што заклучно со март 2028 година ќе пораснат за околу 50%.
Освен што се решаваа овие наследени проблеми, измината година дена се подобруваше и училишната и спортска инфраструктура. Се градеа и реновираа училишта и училишни спортски сали, се опремуваат и модернизираат училниците и кабинетите, училишните објекти стануваат енергетски ефикасни.