
Со секој изминат ден Коцевски ја бетонира позицијата партиски извршител на СДС и ДУИ наместо да биде независен орган во служба на правдата. Со негласањето на интерпелацијата во Собранието СДС покажа кого го гледа како чувар од кривична одговорност за своите партиски функционери. На обвинителската маса на Коцевски наместо правда, има партиски список за заштита од одговорност на функционерите на СДС и ДУИ, велат во париското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред очите на целокупната јавност се потврди причината зошто не се отвораат предмети, не се покренуваат обвиненија и покрај очигледните сомнежи за корупција и криминал и зошто предметите се кријат во фиока или заглавуваат низ обвинителските лавиринти.
Кај Коцевски не постои морална вертикала ниту пак професионална одговорност за самиот да си поднесе оставка.
Коцевски не реагира на фактот што довербата кај народот е помалку од 2 проценти, ниту пак дека му е изгласана интерпелација во Собранието. Коцевски ја држи во заложништво правдата и владеењето на правото во државата.
Со што се задолжи толку Коцевски кај СДС и ДУИ што и покрај недовербата кај народот и интерпелацијата не поднесува оставка?
Обвинителската служба на Коцевски одамна не е инструмент на правдата, туку е гарант за удобен имунитет за сите блиски до Филипче, Заев и сличните.
Коцевски не смее да даде оставка бидејќи сега им е најпотребен на СДС и ДУИ, им треба, за да им обезбеди правна хибернација на тие од врвот на СДС што сега уживаат во мирно политичко пензионирање наместо да се во судските сали.
Коцевски не дава оставка бидејќи ги чува предметите за СДС и ДУИ да фаќаат прашина.
Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од позицијата, се вели во соопштението на партијата.