Skip to main content

Денеска се отвора изложбата на Жанета Вангели во Македонскиот КИЦ во Загреб, претседателката Сиљановска ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“

 Македонскиот КИЦ во Загрев организира изложба на светски признатата македонска уметница, Жанета Вангели „Архивски документи“ на 24.март 2026 во 19 часот.

Жанета Вангели (1963, Битола) дипломирала на легендарната Städelschule во Франкфурт, а моментално е професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзините дела се изложувани на меѓународни манифестации како Венецијанското биенале и се дел од многу меѓународни музејски поставки.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

Поврзани вести