
Мајк Бенц, поранешен американски дипломат кој изминативе месеци е водечки истражувач и коментатор на големиот скандал со злоупотребите на програмите на УСАИД, се осврна на случајот на Македонија. Бенц е еден од водечките извори на информации за злоупотребите на УСАИД кој е честопати споделуван од страна на Илон Маск и неодамна ги сподели своите сознанија како гостин на подкастот на Џо Роган.
Во неговата емисија на каналот Рамбл, Бенц сподели детали за финансирањето на шарената револуција од страна на УСАИД. Бенц посочи на грантот од 5 милиони долари кој УСАИД го даде на Фондацијата Отворено Општество за финансирање на протестите.
УСАИД даде пет милиони долари на Фондацијата на Сорос. Пет милиони! Директен грант. Организацијата Џудишал Воч објави дека, со помош на Џес Бејли, тогашниот амбасадор во Македонија именуван од Барак Обама, американската влада потрошила милиони долари на даночните обврзници за да ја дестабилизира демократски избраната, десно-центристичка влада на Македонија во соработка со Сорос.

Така, УСАИД го финансира Сорос, а Сорос ги дава овие пари на луѓето на терен, на локалните политичари, локалните судии, локалните обвинители, локалните невладини организации, локалните медиуми, синдикати.., изјави Бенц, цитирајќи од репортажа на новинарот Џејкоб Грандстаф.
Повикувајќи се на репортажа на Стив Ричардс, Бенц со неговите гледачи сподели дека организацијата Ист Вест Менаџмент Институт, која спроведуваше проекти во Македонија заедно со Фондацијата на Сорос, добила вкупно над 260 милиони долари од УСАИД за проекти за „демократизација“ во Грузија, Албанија, Србија, Уганда и други држави. Според Бенц, оваа организација е јасно поврзана со мрежата на Џорџ Сорос.