
Пред четири години ветив дека Вевчани ќе биде општина за сите, без поделби, без предрасуди, отворена општина. Денеска пред вас можам да кажам дека тоа е исполнето.
Ова пред присутните граѓани во Вевчани го истакна актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Спасе Кочовски на денешниот митинг.
Изградивме општина која функционира, која е достапна и отворена на своите граѓани. Општина која работи во интерес на граѓаните и ги решава проблемите и потребите. Сме реализирале бројни проекти во соработка со централната власт и други институции, како и со нас жителите кои сте вистински партнер, истакна Кочовски.
Тој повторно ја побара довербата од жителите, за како што рече за да се завршат проектите.
Кочовски најави нови инвестиции во општината, доградба на градинка, кино сала, спортски игралишта.