Skip to main content

Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на Вреди, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште во јануари 2026 година, ќе има проширување на пратеничката група на Вреди. Азизи не спомна конкретни имиња, но рече дека дека се водат разговори со 3-4 пратеници кои се разочарани од нивните политички субјекти. Прашан дали станува збор за пратеници на опозициската НАИ, одговори потврдно.

Да, од НАИ. Верувам дека ќе го финализираме конкретниот чекор со нив да бидат дел од Владата, да ни се придружат. Точно е дека се водат интензивни разговори, дури и лично контактирав со некои од моите колеги. Тие не го оправдуваат ставот на соодветните партии и целиот овој наратив и став за креирање политики- изјави Азизи во дебата на ТВ 21.

Се надевам дека дека дел од силите во парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи – рече премиерот Христијан Мицкоски, како одговор на прашањето дали по победата размислува за вонредни парламентарни избори, со цел власта да обезбеди Бадентерово мнозинство, потребно за носење реформски закони.

Поврзани вести