Skip to main content
ОБВИНИ ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е на страната на Мадуро

СДС е јасно на страната на соборениот венецуелски диктатор Мадуро.Тие дури и 48 часа по акцијата на САД немаат став за апсењето на овој диктатор. Со тоа СДС се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДС кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш -Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев.Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога.

СДС веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро.

Сето ова има два вида на објаснување. Или СДС скршна од курсот за стратешко пријателство со САД или причината е многу поедноставна – Зоки Заев и Венко се зафатени со зимски лудории во Гармиш- Партенкирхен каде се на зимски распуст.

Поврзани вести