Skip to main content

Сарамандов: Во изминатите четири години во Гевгелија се реализирани голем број на капитални проекти во сите области

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов кој на самиот почеток ги истакна сите значајни и реализирани проекти за општина Гевгелија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сарамандов истакна дека во изминатите четири години во Гевгелија се реализирани голем број на капитални проекти во сите области и тоа:

„Во изминатите четири години како локална самоуправа реализиравме поголем број на капитални проекти во сите области. Во делот на патната инфраструктура беа реконструирани и изградени улици и во градот Гевгелија и во сите населени места, во делот на комуналната инфраструктура имаме два суштествени проекти, општина Гевгелија реализираше проект од поставување на атмосферска канализациона мрежа во градот Гевгелија, а со проектите кои во моментов се реализираат и ќе се реализираат до крајот на 2025 година“, рече Сарамандов.

Исто така Сарамандов објасни дека општина Гевгелија ќе биде првата општина во Македонија која ќе опфаќа покриеност од 85% атмосферска канализациона мрежа.

„Гевгелија ќе биде првата општина во Македонија со покриеност од над 85% со атмосферска канализациона мрежа, во делот на животната средина на барање на граѓаните изградивме нов модерен урбан парк, веќе е завршена доградбата на детската градинка Сончогледи, реконструиравме три младински дома, изградбата на прифатилиштето за бездомни животни , во делот на капиталните објекти ја затворивме старата депонија во Гевгелија и истата беше претворена во зелени површини“, објасни Сарамандов.

Поврзани вести