Skip to main content

Претседателката Силјановска-Давкова го прошета албанскиот претседателот низ Охрид

ФБ на претседателката Силјановска

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, објави дека прошетката со албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда низ охридските сокаци и разгледувањето на древните вредности коишто воодушевуваат со автентичноста и убавината, било вистинско патување низ времето и богатата ризница на нашето исклучително и колоритно наследство.

Посетивме неколку уникатни обележја, почнувајќи од чинарот, продолжувајќи со Алипашината џамија, потоа споменикот на св. Климент, куќата на Робевци, музејот на хартијата и црквата ,,Св. Софија” – секој од нив, траен симбол на духовноста, уметноста, традицијата и историјата.

Преку културниот дијалог ги зацврстуваме мостовите на зближување, довербата, пријателството, меѓусебното разбирање и соработка“, истакна претседателката Силјановска Давкова.

Поврзани вести