Skip to main content
WQrt2sj1meI

Пожарот во Трубарево е ставен под целосна контрола

Пожарот во Трубарево е ставен под контрола, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов

Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина – вели Ангелов.

Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиме неколку објекти чиј двор, но и самите објекти беа полни со пластичен отпад – додаде Ангелов.

Поврзани вести