
На вчерашниот протест на опозициското движење „Кој е следен“ незабележано помина едно од барањата на студентите.
Тоа е да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат, Дирекција за заштита и спасување и Управа за јави приходи.

Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека и ова барање е по српско сценарио. Исто барање имаа и нивните „колеги“ од Србија по трагедијата во Нови Сад. Српските опозиционери во ликот на студентите бараа да се објави документација за падот на настрешницата. Иако претседателот Вучиќ го објави поголемиот дел, освен тој што е поврзан со истрагата, студентите излегуваа со нови и нови барања, со изговор дека тоа не е доволно.

Се разбира дека целта не им беше никаква настрешница туку политички притисок. Истото сценариот се спроведува и кај нас, се разбира по српски ноти.

Со објавувањето на документите за пожарот во Кочани ќе се компромитира целата истрага и се разбира дека ова барање нема никој да им го исполни. И она најважното, објавување на документи во фаза на истрага е кривично дело. Приведените и осомничените, со душа чекаат да излезат вакви документи во јавност.