
Градоначаличката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска го прими победникот на „Звездите на Гранд“ Бојан Илиевски.
Имав чест да се сретнам со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, и лично да му честитам за извонредниот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена.
Кисела Вода отсекогаш била дом на талентирани, вредни и успешни млади луѓе, а наша обврска како локална самоуправа е да ги препознаеме, да ги поддржиме и да им дадеме простор нивниот талент да биде видлив и ценет“, вели Стаменкоска Трајкоска.
Градоначалничката додава дека посебно ја радува што и оваа година на манифестацијата „Културно лето“ во Општина Кисела Вода, посетителите ќе уживаат во настапите на врвни млади музичари. Пред нашата публика ќе настапи и Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд 2025“.
Искрено му честитам на Бојан и му посакувам ова да биде само почеток на една блескава музичка кариера. Верувам дека и двајцата ќе ни приредат незаборавни музички вечери на претстојното Културно лето во Кисела Вода“, порачува градоначалничката на Кисела Вода.

Македонски



