Skip to main content

Подготвителната седница за Законот за јазиците, ако треба, ќе се одржи и без судиите Албанци: Не може јас прво да бидам Македонец, а потоа уставен судија, вели Костадиновски

Уставен утре треба да ги утврди експертите што ќе присуствуваат на подготвителната седница на која ќе бидат поканети и 13-те подносители на иницијативи за утврдување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Подготвителната седница ќе се одржи дури и ако судиите Албанци и судијата Турчин ја бојкотираат, бидејќи за работа на Судот се потребни најмалку пет судии.

Жалам за недоаѓањето на моите колеги, но нема да дозволам никој да го уценува ниту да ја блокира работата на Уставниот суд. Нашата сила ја црпиме од Уставот. Судот одлучувал и кога работел само со пет судии. Уставните судии треба да го чуваат Уставот. Не може јас прво да бидам Македонец, а потоа уставен судија. Ако почнат нивните етнички преференции да ги ставаат пред Уставот, не може да зборуваме за уставно судство – рече Костадиновски и ги повика судиите да ги вкрстат правните аргументи.

Тој информира дека уште нема потврден одговор дека експерт од Венециската комисија ќе присуствува на подготвителната седница.

Поврзани вести