
Во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, вечерва со мојот заменик, Ерџан Селими, се сретнавме со граѓаните од Ѓорче Петров, напиша на својот фејсбук профил, министерот Златко Перински.
Домот на култура беше исполнет со десетици граѓани и други чинители од општината, кои даваа свои предлози и идеи кои би ги искористиле во насока на подобрување на секојдневното живеење.
Во конструктивна и отворена дискусија, граѓаните изнесоа конкретни предлози во повеќе области, од подобрување на инфраструктурата, преку поддршка за спортските и културните иницијативи, до засилување на механизмите за партиципативно учество на жителите во носењето на одлуките на локално ниво.
Директната и отворена дискусија со граѓаните е одлична можност која ќе ја искористиме за креирање на локални политики кои ќе придонесат за зголемување на квалитот на живеење во општината.