
Утрово претседавав со 39.седница на Советот за рамномерен регионален развој на која едногласно ги усвоивме одлуките со кои се одредуваат индикаторите за определување на подрачјата со специфични развојни потреби и листата со подрачја со специфични развојни потреби – напиша министерот за локална самоуправа, Златко Перински на својот фејсбук профил.
Тој нагласи:
‼️Рамномерниот развој е цел која тешко може да се достигне и во најразвиените држави, но со правилно насочени политики може да се постигне развој на регионите во државата.
✅Продолжуваме посветено и со зголемена динамика да дискутираме, одлучуваме и работиме во насока на поттикнување на развојот во сите општини и плански региони, соодветно на потребите на граѓаните.