Skip to main content

Перински: Партнерството и соработката со ЕУ преку програмата „ЕУ за општините“ овозможуваат воведување на конкретни еколошки решенија и искористување на локалниот развоен потенцијал

Чистата и здрава животна средина започнува од нас самите и од нашите секојдневни навики!, напиша на својот фејсбук профил министерот Златко Перински.

Заедно со градоначалникот Дејан Митески, чиј проактивен пристап и посветеност се од клучно значење за успешна реализација на вакви иницијативи, посетивме семејства во Општина Аеродром со цел да ја нагласиме важноста на селекцијата на пластичниот отпад директно од домаќинствата.

Партнерството и соработката со Европската Унија, преку програмата „ЕУ за општините“, ни овозможуваат воведување на конкретни еколошки решенија и искористување на локалниот развоен потенцијал.

Во рамки на проектот „Clean AirDrom“ – Нулта цврст отпад во Општина Аеродром, набавено е електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад и поставени се 11 машини за одлагање на цврст отпад во сите општински училишта и две градинки.

Поврзани вести