Skip to main content

Отворен научно-истражувачки центар „Знаење плус СО2 минус“ на Градежниот факултет

На Градежниот факултет на УКИМ денеска беше отворен научно-истражувачки центар „Знаење плус  ЦО2 минус“ донација од цементарницата „Титан Усје“ АД Скопје со која е реновиран и опремен просторот и се создадени услови за квалитетна настава и истражување.

Деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски рече дека Центарот е замислен како современ, мултуфункционален камп за едукација, истражување и иновации во областа на одржливото градење и насочен кон одржлив развој и зелена транзиција на градежниот сектор. 

-Во него ќе се реализираат наставно-истражувачки активности поврзани со нискојаглеродни градежни материјали, оптимизација на производните процеси, намалување на емисиите на ЦО2, енергетската ефикасност и приемна на принципите на циркуларна економија во градежништвото, рече Јосифовски.  

Главниот извршен директор на „Титан Усје“, Константинос Николау, на промовирањето на Центарот изјави дека значајни промени се случуваат во индустријата и дека навременото воведување нови трендови била главната идеја за оваа сорабока меѓу компанјата и факултетот. 

-Нашата компанија е меѓу првите која има направено значителни вложувања во принципите на кружната економија, врз чија основа се темели иднината на градежниот сектор, и  со нивна примена ги намали емисиите на ЦО2 за 2600 тони, рече Николау и додаде дека иновациите во „Титан Усје“ им ги ставаат на располагање на студентите што ќе го користат кабинетот. 

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува Центарот да прерасне „во голем и силен иновациски хаб“. Како што рече, тој ќе го спојува „академскиот сектор, бизнис-заедницата и државата во заложбата за создавање кадар кој ќе знае да развива решенија што ја намалуваат емисијата на јаглероден диоксид и да работи според европските стандарди за зеклена транзиција“.

-Оваа соработка е особено значјана зашто е фокусирана на една од областите што со Стратегијата за паметна специјализација е посочена како приоритетна со највисок иновациски и истражувачки капацитет – областа одржливи материјали и паметни згради … Студентите добиваат можност да ја поврзат теоријата со практиката, да ги направат академските знежаења применливи во реалниот сектор, рече Јаневска додавајќи дека ова е добар пример што очекува да го следат и други компании. 

Ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова посочи дека со овој проект студентите ќе може во пракса да ги согледаат реалните проблеми и предизвиците на својата идна проофесија.

-Овој хаб ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието. Треба да бидеме посвесни дека мора да развивавме креативни решенија во кои одржливоста ќе биде основна компонента. УКИМ цели кон тоа во нашите студиски програми и истражувања се повеќе да биде присутна компонентата одржливост, рече Ангелова.