Skip to main content

Јаневска: Добрата соработка меѓу факултетите, компаниите и државата го унапредува образованието и поттикнува иновации за одржлив развој

Министерство за образование и наука

На Градежниот факултет во Скопје денес беше отворен Научно-истражувачкиот центар ,,Знаење+ СО2-“, во рамки на соработката со цементарницата „Титан Усје“ насочена кон подигнување на свесноста за важноста од намалување на емисиите на CO2 при производство на бетон, преку научен и образовен развој, имплементација и стекнување на практични знаења и вештини, како и поттикнување на иновации и интерес за технологијата.

Центарот, кој верувам дека ќе прерасне во иновациски хаб, ги спојува академскиот сектор, бизнис заедницата и државата во заложбите за создавање кадар кој ќе знае да развива решенија во согласност со европските стандарди за зелена транзиција. Оваа соработка е особено значајна затоа што е фокусирана на една од областите што со Стратегијата за паметна специјализација е посочена како приоритетна, со највисок економски, иновативен и истражувачки капацитет, областа – Одржливи материјали и паметни згради. А тоа значи создавање додадена вредност преку нови технологии и знаења, подобрување на конкурентноста на домашната економија и забрзување на развојот“, рече министерката Весна Јаневска.

Центарот ќе им помогне на студентите да стекнат знаења применливи во реалниот сектор, давајќи им можност за поврзување на теоријата со практиката.

Ова е идејата за воведување на моделот на дуално образование и во високото образование, а техничките факултетите се вистинското место од каде тоа треба да почне да се реализира. На ваков начин, добиваат сите – факултетот успешно ја извршува својата образовна и истражувачка улога, компанијата инвестира во иднината на младите и во сопствената конкурентност, а државата добива иновативна работна сила што ја движи економијата напред“, нагласи министерката Јаневска.

Очекува успешната соработка да се развива и понатаму и да биде пример што ќе го следат и други факултети и компании.

Министерството и Владата се подготвени за поддршка на вакви иницијативи. Македонија треба да ја водиме кон одржлив развој и европска перспектива, со знаење, иновации и партнерство и, што е многу важно, со заедничка посветеност“, посочи министерката Јаневска.

Соработката меѓу Градежниот факултет и „Титан Усје“ во делот на образованието се однесува на развивање наставна програма посветена на стратегии за ниско ниво на јаглерод и одржливи градежни практики, како и користење искуства од развиениот свет каде се поврзува теоријата со праксата со цел намалување на емисиите на CO2.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetSahabet girişmarsbahis güncel girişanında indexpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomMadridbetMadridbetMadridbetMadridbet GirişMadridbet GirişMadridbet GirişMadridbet GirişholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegelMadridbet Girişsekabet