Skip to main content

Одреден 30 дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу нив и Бектеши

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и одреди 30 дневен притвор за 13 лица од 19-те кои се опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.

Меѓу 13-те за кои е одредена мерката e и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, како и  и Размена Чекиќ-Дуровиќ, одговорната во Министерството за економија за издадената лиценца за работа на „Пулс“ како кабаре.  За останатите шест ќе се одлучува во текот на денешниот ден.

30-дневен притвор е определен и за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомнични дека како соизвршители,  изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани.

Од Обвинителството најавија дека ќе бидат соопштени на прес конференција пред зградата на Основното јавно обвинителство Кочани денеска во 12 часот.

Поврзани вести