Skip to main content
Без навреди кон политичките опоненти 

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира најави цивилизирана и граѓанска кампања

МИА

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќира, на прес-конференција ја претстави својата визија и приоритети за развојот на општина Струга.

Тој вети цивилизирана и граѓанска кампања без навреди кон политичките опоненти, а тоа го побара и од неговите против кандидати, посочувајќи дека нема да се навраќа што било во минатото, туку ќе работи за иднината.

Не сакам да се враќам назад да зборувам за минатото. Граѓаните знаат за минатото и ние ќе работиме за иднината, ќе го бараме гласот за иднината. Ќе зборуваме што ќе правиме ние, а не што направиле тие“, рече Ќира.

Тој побара од управителите на јавните претпријатија и училиштата да не прават притисок кон вработените. 

Имаме информации дека има притисок вработените да се занимаваат со политика. Се знае кој ќе е градоначалник од 19 октомври и овие институции треба да се деполитизираат“, посочи Ќира. 

Доколку ја добие довербата од граѓаните, како приоритетни проекти ги најави проширување на патот село Мороишта – Струга, изградба на подземни паркинг места, целосна замена на азбестните цевки од водоводната мрежа, решавање на проблемот со кучињата скитници, ноќното осветлување, уредување на плажите… 

Поврзани вести