
Да не се повтори Росица. Кривична одговорност за судијата и обвинителот во случајот на Росица, јавно на социјалните мрежи реагира Ирена Чаушевска Даниловска.
Најавените протести пред МВР се дефокус. Во овој случај, полицијата имала наложени мерки и ги спроведувала. Судот и обвинителството се тие што му го укинале домашниот притвор и дале условна казна за насилник кој извршил киднапирање и 24 часовно тепање, закани и малтретирање. Пет дена подоцна имаме две убиства.
Ако сакаме вистинска правда и промена, ПРОТЕСТИТЕ МОРА ДА БИДАТ:
1️⃣ пред СУДОВИТЕ (за одговорност на судиите),
2️⃣ пред ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО (за одговорност на обвинителите),
3️⃣ и пред ПАРЛАМЕНТОТ (за законски измени: крај на условните казни за насилници).
На 10 септември 2025, Основен суд Велес му даде УСЛОВНА КАЗНА на сторителот: 1 година и 4 месеци затвор што воопшто нема да се изврши ако во рок од 3 години не го повтори делото. Истовремено, ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС по предлог на обвинителот, ги укина клучните мерки:
Нема повеќе забрана за напуштање живеалиште
Нема повеќе неделно јавување во полиција
Остана само „забрана за приближување“ – неспроведлива во пракса без алка на нога.
Пет дена подоцна – Росица и нејзиниот татко се мртви.
Кривичниот законик предвидува кривична одговорност и казна затвор од 3 до 10 години за одговорното лице при градба (чл. 289 и чл. 292) доколку настапи тешка телесна повреда или смрт на едно или повеќе лица.
Ако градежен инженер за една грешка оди во затвор, зошто судиите и обвинителите немаат никаква одговорност кога нивните одлуки директно доведуваат до убиства.
Ова не е вина на полицијата. Ова е директна вина на судството и обвинителството и оваа вина има и ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. Ако постапиле правилно зошто се кријат позади празни соопштенија.
Како жена, мајка и поранешна жртва на семејно насилство, а пред сѐ затоа што и 15 години подоцна и при дури 20 фемициди само во изминативе 3 години СУДИИТЕ И ПОНАТАМУ СЕ АМНЕСТИРААТ ОД ОДГОВОРНОСТ, во името на сите сегашни и идни жртви БАРАМ ВЕДНАШ:
- ✅ Кривична и дисциплинска постапка против судијата и обвинителот во случајот на Росица.
- ✅ Законски измени – забрана за условни казни за насилници и лица што се закануваат со убиства.
- ✅ Воведување на лична одговорност за судии и обвинители 🙅♀️🙅♂️, исто како за инженери.
Време е да престанеме да молчиме ‼️ Росица не смее да биде уште една статистика. Ако денес нема одговорност, утре ќе има нова жртва. Твојата сестра, твојата мајка, твојата ќерка