
Жителите на Општина Тетово во рамки на вториот круг на локалните избори имаат можност да гласаат за еден од двајцата кандидати за градоначалник кои според бројот на гласови се најдоа денеска во вториот круг на гласање. Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово соопшти дека гласањето е почнато и се одвива без проблеми.
-Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово од 7 часот почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните локални избори, информираат од ОИК Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 87 878 граѓани со право на глас, информираше Назми Даути од ОИК Тетово.
Општинска изборна комисија Тетово потсетува за промена на објектот за гласање на осум избирачки места кои досега биле во два објекта- средни училишта. Станува збор за избирачки места кои досега биле во објектот познат како „Старо медицинско“ кај реката Пена и Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ односно „Текстилно школо“ кои се реконструираат во моментот.
Избирачките места 1925,1926,1927, 1927/1 со објект на гласање објект „Стара Медицина“ ќе бидат привремено префрлени во објектот на Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ на улицата „Браќа Миладинови“, бр 134 -Тетово.
Избирачките места 1941, 1941/1 1942 и 1942/1 со објект на гласање Општинско средно стручно училиште „Ѓоце Стојчески-Амбарче“ ќе бидат префрелни привремено во објектот на Општинска Јавна установа детска градинка „Младост“ на улица Браќа Миладинови бр. 1 (н.з Градинка Тетекс)

Македонски







