
Дното до кое може да падне СДСМ се чини дека нема граница. Нема трагедија во поновата историја која не се обидоа да ја искористат за партиски цели. Тоа се еден збор се вика некрофилија.
Да, некрофилија од најдолен вид. Во период кога власта се обидува на секаков начин да им го олесни третманот и лекувањето на повредените од трагедијата во Кочани, а на семејствата на починатите да им се помогне финансиски, СДСМ ги „хушка“ овие луѓе, повторно ќе кажеме за политички цели.
На социјалните мрежи се споделува видео од таткото на загинатиот тапанар на групата ДНК, Героги Георгиев. Таткото Драган ја обвини власта зошто за Задушница не дошла во Кочани, а видеото е масовно „бустирано“ од членови и медиуми блиски до СДСМ.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ не единствен за кој СДСМ се обиде да извлече корист. Истото го направија и случајот „Тамара“, како и “Мартин Нешковски“ кој беше повод за Шарената револуција и уништувањето на Македонија. Сега СДСМ го посакува истото , потпомогнато од нивните медиумски послушници. Но, народот веќе ја научи лекцијата, знае од каде дува ветерот и оти ова е класично СДСМ сценарио.