Skip to main content

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка

 – Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на покана на својот словачки колега Роберт Калинак, ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка.

Во рамките на посетата предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак, и со министерот за одбрана на Република Чешка, Јарослав Зуна.

Годинашниот меѓународен саем IDEB е најавен како најголем досега, со учество на над 150 излагачи од 16 земји, на кој ќе бидат изложени современи воени системи и опрема

Поврзани вести