
Jавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува сите граѓани дека од денеска започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско, со кои тоа стопанисува.
Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.
Воедно, од претпријатието им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.

Македонски


