Skip to main content

Червар претставен во Битола, Пелистер ќе му биде последен клуб во кариерата

 Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа.

–   Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера, а тоа е најубаво во градот каде ракометот е религија. Да го работиш она кое го сакаш е најголемата среќа на човекот. Видов дека постои желба кај луѓето од Битола да дојдам и го прифатив тоа. Ќе имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба. Македонија е мала земја, мора сите да бидеме едни за други, изјави Червар.

Поврзани вести