Skip to main content

Мисајловски на отворање на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија ИДЕБ во Братислава, Словачка

На покана на заменик-премиерот и министер за одбрана на Словачка, Роберт Калинак, денеска присуствував на свеченото отворање на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија ИДЕБ во Братислава, Словачка, напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Саемот претставува значајна платформа за презентација на современи технологии, иновации и достигнувања во областа на одбраната и безбедноста, како и одлична можност за размена на искуства, идеи и добри практики меѓу сојузничките и партнерските држави.

Во услови на современи безбедносни предизвици, ваквите настани имаат особено значење за унапредување на меѓународната соработка, следење на технолошкиот развој и зајакнување на капацитетите во областа на одбраната и безбедноста.

Поврзани вести