Skip to main content

Мицкоски во Гевгелија: Целосно сме посветени на реалиција на проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани

Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Гевгелија од каде што испрати порака дека како Влада континуирано се грижат и целосно се посветени на реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Во Општина Гевгелија извршивме увид во градежните работи на Старата градска чаршија, проект кој претставува значајна инвестиција од над 40 милиони денари, насочена кон унапредување на урбаното јадро и зачувување на локалното културно наследство. Истовремено, извршивме увид и во градежните активности за изградба на нов парк со детско катче, на површина од 3.150 м², кој ќе обезбеди нов, современ и безбеден простор за рекреација и одмор на најмладите и на граѓаните, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Поврзани вести