
Ова што вечерва го гледам е навистина инпресивно и потврда дека Драганче и понатаму ќе биде градоначалник, порача од митингот во Општина Могила претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јас ги гледам како едно големо и широко семејство. За семејството се бориш, семејството го сакаш го љубиш и семејството го штитиш. Во семејството има ред. Секој оној којшто дезертирал од семејството, излегол надвор од него, а потоа задкулиси се повикува на тоа семејство прави двјона грешка. Прво, го предал семејството, а второ лажно се претставува. Нашето семсјетво, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има еден кандидат и тој ќе биде победник на овие избори, истакна Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните на Могила да излезат масовно и да гласаат за бројот 9.
Мицкоски уште еднаш порача дека градоначалниците мора да одвојат парцели во општините каде ќе има плацеви за млади брачни парови.
Демографијата е еден од врвните приоритети на оваа влада и треба да биде дел од врвните приоритети на секој еден свесен Македонец, затоа што на начинот на којшто се водеа политиките во минатото, родови политики или не знам какви политики, дојдовме до ситуација да исчезнуваме. Ако во 2018-19 сме имале 22-23.000 бебиња, денес сме под 16.000 бебиња. Тоа се 300 празни училници, тоа се 600 учители помалку. И денес кој не е свесен, кој мисли дека кариерата е пред се, треба да е свесен дека кога ќе ја заврши својата кариера и кога ќе оди во пензија ќе нема пензија, затоа што ќе има распад на пензискиот систем, бидејќи ќе нема кој да го полни, потенцираше Мицкоски.