Во рамки на посетата на САД, со моите соработници остварив средба со семејството Руси – познато албанско семејство од Дебар, кое повеќе генерации живее и работи во САД. Тие се пример за успешни Албанци од Македонија кои не ја заборавиле својата татковина и сакаат да помогнат за нејзиниот напредок, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
Разговаравме за можностите за зајакнување на врските помеѓу дијаспората и Македонија, како и за проекти кои ќе донесат придобивки за сите граѓани.
Верувам дека само заеднички, сите, без разлика на етничката припадност, можеме да работиме сложно за изградба на стабилна и просперитетна Македонија.
Потребни ни се сите кои можат да придонесат – и дома и од дијаспората, за да ја создадеме иднината што ја заслужуваме.