Skip to main content

Мицкоски: Македонското прашање не е затворено додека не се оставарат главните цели, а тоа е полноправно членство во ЕУ

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на грчкото МНР дека македонското прашање е затворено истакна дека тоа нема да биде затворено се додека не се реализират главните стратешки цели, односно полноправно членство во ЕУ.

Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста. Фројд е чудна работа, но јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализират а тоа е полноправна членка на ЕУ, прво, изјави премиерот Мицкоски.

Мицкоски понатаму појасни дека и во 21-иот век македонскиот идентитет е предизвикан, а Судот во СТразбур има донесено плејада пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед кои што не се почитуваат.

Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада на пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои што не се почитуваат. Зборуваме за 21-иот век, зборуваме за членка на Европската унија која што не ги почитува човековите права на македонската заедница и тоа е нешто кое што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21-от век се уште е предизвикан македонскиот идентитет, појасни Мицкоски.

Мицкоски е дециден, македонското прашање не затворено и ќе се борам за истото додека ја извршувам улогата претседател на македонската Влада.

Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање се’ додека ја вршам оваа улога која што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи тоа граѓаните го очекуват од човекот кој што ја предводи македонската Влада. Јас знам дека во минатото имало луѓе кои што ја предводеле македонската Влада, кои што македонскот прашање воопшто не им било ниту меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада на која што прв приоритет на претседателот на влатата му е македонското прашање, дециден беше Мицкски во одговорот на новинарското прашаање.

Поврзани вести