Skip to main content

Мицкоски и Николоски на потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

 Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8.

Како што соопшти владината прес-служба, потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се одржи во Свечената сала на Владата.

Средствата се наменети за реализација на проектот за изградба на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, како дел од источниот крак на Коридорот 8 (Фаза 3)

Поврзани вести