
Денес поставуваме темел на иднината, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Со започнувањето на изградбата на новиот, модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ја потврдуваме нашата цврста определба – да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование.
Овој проект претставува стратешка инвестиција во иднината на државата. Инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој.
Владата донесе одлука со која се обезбедени вкупно 42 милиони евра за реализација на овој значаен проект.
Универзитетите мора да бидат центри на знаење, истражување и иновации. Места каде што се создаваат идеи, каде што се развиваат нови технологии и каде што се подготвуваат генерации кои ќе ја водат државата напред.

Македонски

