Skip to main content

Максим Димитриевски: Мудроста на постарите и енергијата на младите се темел заиднината на Куманово

Денес кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оствари повеќе
значајни средби и активности со цел уште еднаш да ја потврди посветеноста кон сите категории
граѓани.

На средбата со Здружението на армиски и полициски ветерани, Димитриевски ја истакна нивната мудрост и искуство како темел врз кој се гради посилно и побезбедно Куманово.

Горд сум на нивниот активизам и придонес во заедницата и подготвен сум заедно да продолжиме да создаваме подобра иднина за сите нас“, нагласи тој.

Посебно место во денешните активности имаше средбата со младите од Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, ОО Куманово. „Енергијата и ентузијазмот што ги носат младите се вистински ветар во грб и мотив за мене.

Ветувам – ќе обезбедиме можности и услови за младите, затоа што тие се енергијата што го движи овој град напред“, рече
Димитриевски.

Во текот на денот, тој се сретна и со жителите на Умни Дол, Железничка и Ново Село, каде што одблиску ги слушна нивните предлози и потреби. Денот заврши со мини митинг пред Пожарна, каде Димитриевски уште еднаш ја потенцираше важноста на директната комуникација со граѓаните.

Секој разговор е инспирација и потврда дека сме на вистинскиот пат. Заедно со мудроста на постарите генерации и свежите идеи на младите, градиме иднина дома – во наше Куманово“, порача Димитриевски.

Поврзани вести