Skip to main content

Костадиновски: Венецијанската комисија на 18 март ќе го испрати мислењето за Законот за јазиците

Претседателот на судот Дарко Костадиновски информираше дека според најавите, Венецијанската комисија ќе го усвои пријателскиот совет на 15 март, а објавен ќе биде до 18ти по што најдоцна до 21 март догодина ќе се одржи подготвителната седница. Листата на учесници на подготвителната седница која ја предложила судијата известител за предметот Елизабета Дуковска се очекува утре да биде утврдена а на неа има повеќе од дваесет имиња на експерти и поранешни судии.

Побаран е претставник од Венецијанската комисија да дојде и на подготвителната седница да го образложи пријателскиот совет и ставовите до кои ќе дојде Венецијанската комисија. Мои очекувања се дека во тие денови, 19, 20, 21 март, ќе биде одржана подготвителната седница. На листата што ни ја предложи судијата известител има можеби повеќе од 20 имиња, станува зборр за експерти по уставно право, меѓународно право, поранешни судии, шаренолика е листата. Додека не се утврдат имињата не би шпекулирал. – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд

Уставните судии од албанска националност Осман Кадриу и Насер Ајдари веќе најавија дека нема присуствуваат ниту на подготвителната седница. Костадиновски рече дека му е жал што така одлучиле судиите но и порача дека не може да се зборува за уставно судство ако судиите се водат од етничките преференци.

Нема да дозволам никој ниту да го уценува нити да ја блокира работата на Уставниот суд. Имаме наши правила за работа, нашата сила ја црпиме од Уставот, судот одлучувал и кога работел само со 5 судии. Не може јас да бидам првин Mакедонец а потоа уставен судија, затоа што ако почнеме низ таква призма ние ќе бидеме многу далеку од правна држава и владеење на правото. – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд

Неодамнешните изјави на премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти околу постапувањето на Уставен по Законот за употреба на јазиците, Костадиносвки ги оцени за непристојни и недостојни без повеќе да ги коментира.

Уставниот суд годинава ја завршува со рекорден број решени предмети но и за жал, како што рече претседателот на судот на прес конференцијата, судот се соочил и со сериозни политички притисоци и влијанија. Костадиновски на политичарите им порача да ги тргнат рацете од Уставниот суд, а на граѓаните им порача да не подлегнуваат на манипулации.

Поврзани вести