Skip to main content

Тинејџер без возачка утрово со „бмв“ се судри со камион, едно лице со тешки повреди пренесено во Скопје

Утрово во 07:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (18) од Тетово (кој возилото го управувал без положен возачки испит) и товарно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Е. (24) од с. Пршовце, соопшти МВР.

Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување на помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово, додека сопатникот во товарното возило, А.Р. (19) од Тетово, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести