Skip to main content

Македонската математичка сензација Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар

Македонската математичка сензација Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар, Бугарија, каде учествуваше на меѓународниот математички натпревар „Математика без граници“.

Како што соопшти неговиот татко, Владимир, Македон приредил вистинска сензација и бил меѓу најуспешните натпреварувачи на целиот турнир. Тој освоил златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“, прво место – победник на Купот, награда за математичка ѕвезда на турнирот, апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар, сребрен медал на меѓународниот натпревар по алгебра Ludovico Ferrari и бронзен екипен медал.

Овие резултати не се случајност. Тие се плод на огромна љубов кон математиката, безброј часови работа, истрајност и желба секој ден да се биде подобар од вчера. Додека многумина сонуваат за големи успеси, Македон ги претвора соништата во реалност. Нека ова биде потсетник дека Македонија има млади таленти кои можат да бидат најдобри во светот. Наша обврска е да ги поддржиме, затоа што тие се најубавите амбасадори на нашата држава, вели неговиот татко.

Поврзани вести