Skip to main content
0jUG10XuQVI

Боки Јовановски: Најголема заслуга е на Шарената револуција што Заев дојде на власт, не прифатив договор со него за да добијам условна осуда

Учестував во политички процеси и устоличување на тогашната власт на Зоран Заев Сум помагал и финансиски, јас тогаш бев финансиски независен, уште пред Шарената револуција, вели Бојан Јовановски во петтото продолжение од документарецот „Рекет“.

Како успеа да влезеш во мрежата на Заев, го прашаа Боки.

Сам се упецав, признава Боки.

Заев дојде на власт поради Шарената револуција

Најголема заслуга е на Шарената револуција е што Заев дојде на власт. За Шарената револуција да профункционира се измислуваа непостоечки проекти кои што беа финансирани од странски донатори. Сите средства одеа за реализација на таа Шарена Револуција. Позади таа Шарена револуција се криеше цела агенда која што на крајот резултираше со погубни одлуки за цела држава, се присети Јовановски.

Тој вели дека за тие луѓе и сега е добро бидејќи никој не е процесуиран.

За жал јас сум еден од творците на таа проклета Шарена револуција, признава Боки.

Боки е свесен дека го уништиле и морално и материјално и оти е решен дека еден ден ќе им врати се.

Од првиот ден не прифатив ниту еден договор и ниту еден затвор не ме натера да прифатам договор со структурите на Заев, да молчам дека ќе добијам олеснителни околности или условна осуда бидејќи јас го негирам и ќе го негирам делото за кое сум осуден, гордо вели Јовановски.

Majката на Боки дури и разговарала со Заев но тој и ја наговестил целата ситуација околу апсењето на нејзиниот син.

Тој ми рече дека веќе имало снимки и оти не може да помогне. Се ми беше јасно, рече мајката на Јовановски.

Поврзани вести