
Одговарајќи на новинарско прашање дали има сознанија за некаква тајна соработка меѓу СДСМ и ДУИ за изборите, Гаши истакна дека проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се прашање на живот или смрт.
-Нема информации за некаков таков договор меѓу СДСМ и ДУИ. Такви информации не дојдоа до мене. Проблемот е што ние секои избори ги правиме како да се последни, како да се за живот или смрт. Локални избори треба да бидат за тоа што градоначалниците треба да понудат. Ние имаме многу проблеми во комуналната сфера и кандидатите треба да се насочат кон комуналната сфера, потенцира Гаши.