Skip to main content
Тврди ВМРО-ДПМНЕ

Филипче не е прибран дома, од Дубаи заминал на плажа во Грција?

Каде е Венко Филипче?Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата?Тој од 10.05 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е точно дека тој всушност пишува фб статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи?Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?, прашува владејачката партија.

Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.

Срамно е што на неговата фејсбук страна објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник, во исто време кога сета по песочните плажи и ужива во украдените пари.

СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства.

Поврзани вести