
Локалните избори се маскарада, а Демократската партија на Албанците (ДПА) нема да учествува на нив, изјави претседателот на партијата, Мендух Тачи, по денешната седница на партиското централно собрание.
ДПА претходно соопшти дека ја напушта коалицијата на ДУИ – Европски фронт.
Нема да имаме кандидати на овие избори. Господинот Ахмети свесно влезе и ја формираше коалицијата со двајца заколнати непријатели на ДПА, кои со секој можен начин се обидуваа да ѝ наштетат на нашата партија. Собранието заклучи дека соработката со Ахмети и ДУИ е целосно невозможна, рече Тачи.
Претседателот на ДПА истакна дека политичките односи со Али Ахмети повеќе не постојат и дека соработката меѓу двете партии е прекината.