Skip to main content

Атанасовски: Туризмот ќе биде главен приоритет за развој на Македонска Каменица

 Кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Димчо Атанасовски, најави дека развојот на туризмот ќе биде еден од главните приоритети доколку ја добие довербата на граѓаните на претстојните локални избори.

Атанасовски истакна дека Македонска Каменица има голем потенцијал да стане препознатлив туристички центар во државата и на Балканот, што, како што рече, ќе донесе нови инвестиции, работни места и подобар квалитет на живот за жителите.

Верувам дека Македонска Каменица има огромен потенцијал и токму затоа туризмот ќе биде во центарот на нашите политики. Со негов развој ќе обезбедиме економски раст и развој за сите граѓани, порача Атанасовски.

Тој ги повика граѓаните на 19 октомври да ја дадат поддршката за него како кандидат за градоначалник, како и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски.

Коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ настапуваат на изборите со број 9. 

Поврзани вести