
18 март лето Господово 2025-то, време кога Македонија ја преживува најголемата трагедија во својата понова историја. Горчината и непреболот за 59-те невини изгубени животи јасно се отцртуваат на секое лице, не постои жител на оваа напатена земја кој не почуствува огромна болка зачинета со силна доза на неверица дека вакво нешто воопшто можеше да се случи. Жега, боли, веќе три дена остро и силно боде по македонската душа.
За многумина, ова се’ уште е само еден грд, лош сон, кошмар од кој ќе се разбудиме како нација, ноќна мора која никогаш и не се случила. За жал, трагедијата е реалност. РЕАЛНОСТ која за да повеќе не биде таква и во иднина, треба и МОРА да се преземат радикални мерки и чекори, да се направи еден сериозен ремонт на македонското општество.
А за да се направи „ремонт“, институциите треба да работат со полна пареа, макар и самите поткопани и девастирани низ годините. А за да работат, не треба да се занимаваат со спорадични, неспонтани, инструирани од некого изливи на наводна „граѓанска непослушност. Да, има и таква и секоја чест и поддршка на таквите чисти акти, но дуи и на нив секогаш ќе се залепат опозициски стрвинари.
За среќа, за сега преовладува гласот на разумот, апел кој го споделија и познати лица од македонското општество и естрадата.
Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ со упати кратка и моќна порака во овие тешки денови за Македонија.
– Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца… напиша таа на својот фејсбук профил.
Професорката која секогаш е гласана на голем број општествени теми, претходно упати порака и до политичките чинители во земјава.
– Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…Барем седум дена молчете и работете конкретно за решавање на повеќедецениските проблеми со корупцијата. Ова не е прашање на политика и политички партии туку на криминалци. Како имате сила да повикате прес-конференција за политички поени? – праша таа јавно професорката Тања Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
О друга страна, дури и пејачката Тамара Тодевска, позната како поддржувач на „Шарената револуција“, која активно учествуваше и во неуспешната кампања за промена на името (која резултираше со пораз на Референдумот за власта, иако гласот на народот не се слушаше), напиша дека не е време за терање политика.
„Не е време за собири и протести! Не е време за политики! Не е време за блокирање улици, амбуланти возила нон-стоп кружат низ градот. Медицинскиот персонал е потребен во болници, не на улица. Користете го здравиот разум, колку и да го немаме, мора да постапиме правилно. Се уште имаме блиски кои се борат за живот по болници. Одадете почит во црква со свеќа, време за протести има, но не сега!“ напиша Тодевска.
Обединување побара дури и претседателот на СДСМ, нудејќи поддршка и помош за семејствата на настраданите. Ретки исклучоци беа Фрчковски и останати стрвинари кои додаваа амсло на рсапамтениот општествен огран и револт.
Македонскиот народ вели, „од секое зло, добро“… Сепак, ова е преголемо зло за да може да се очекува такво нешто, 59-те животи се изгубени, прекрасни, млади луѓе кои никогаш нема да се вратат, стотици фамилии се завиткани во црно. Добро од ова, не бива. Но можеме, како држава во нивна чест и спомен да ги смениме работите, ова да биде една прествртница во секоја пора на општеството, да смениме се’ што е наталожено. ОД КОРЕН
А за една таква катарза и препород, треба да се почне од зародишот, од семето на проблемот, наталожен со децении. Никулецот е во состојбата на умот креирана минатитие десетлетија, соддржан во она македонското „Што да правиш, што ќе чиниш, тоа т и е. Така ни било пишано“. Дефетизам, демек ништо не можеме да промениме, што е така е, фатумски повраќаници на тони.
Значи? Ни било пишано да плаќаме рушвет за да поминеме лекарски преглед? Ни било ли пишано да плаќаме по инспектори, полиции, судии, обвинители за да ја добиеме правдата која требало да ја имаме најнормално? Да ја наведнеме главата не само на шалтер туку на и пред секој државен чиновник, да бркнеме во џебот и да му „помогнеме“ со демек ниските плати ли? Тие да замижат, криминалците да си тераат, карванот да си врви, без ниту лаеж на кучињата?
Не, доста со овој КАРИКАТУРАЛЕН МЕНТАЛИТЕТ, оваа трагедија мора да биде МОМЕНТ НА ПРОМЕНА, кога државата конечно ќе стави крај на корупцијата, неодговорноста и злоупотребите во јавниот сектор, појави кои, за жал, минатите децении станаа знак на препознавање во МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО.
Она што се очекува и она што дефинитивно ќе го има во овој трагичен и отрезнувачки случај е што сега ќе има кривична и морална ОДГОВОРНОСТ. Исто, за разлика од досега, ОДГОВОРНОСТА нема да биде само формална. Секој што носел погрешни одлуки ќе се соочи со последици.
Факт е дека СИСТЕМОТ МОРА ДА СЕ РЕСЕТИРА – ова е борба против чудовиштето што ја проголтува Македонија.
Корупцијата и злоупотребите со години ја поткопуваа и руинираа државата. Оваа трагедија е последен аларм – ИЛИ ЌЕ ГО СРУШИМЕ ОВОЈ СИСТЕМ, ИЛИ ТОЈ ЌЕ НÈ СРУШИ НАС. Владата е решена на радикални промени, единствен начин државата да се справи со напластените мито и корупција, кои придонесоа за востановената мантра кај народот – АКО ПОМИНЕ, ДОБРО. АКО НЕ…
Ова НЕ Е ВРЕМЕ ЗА КАЛКУЛАЦИИ, ТУКУ ЗА ЕДИНСТВО И ОДГОВОРНОСТ, нешто за што цела Македонија верува дека опозицијата ќе го сфати и нема да застрани водена од добивање ситни политички поени.
ОВАА ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА МОРА ДА БИДЕ ПРЕСВРТНИЦА – државата да и ќе докаже дека владее правото. Сеопфатни промени за да ја враќање довербата во институциите и да се стави КРАЈ НА НЕКАЗНИВОСТА.
За ова ДРЖАВАТА ја има целосната поддршка на МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО. Без пардон и без исклучок! Не постои жител на оваа напатена земја кој со две раце и со душа нема да ја поддржи иницијативата за справувањето со девијациите кои не донесоа на ова најниско дереџе. Македонија е во очекување да ги види виновниците пред лицето на правдата. СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!
Ако не помагате, барем оставете ги институциите да ја сработат оваа тешка задача…