Skip to main content

Ако се утврди неодговорноста на д-р Ѓеорѓиевски, министерот Таравари ќе бара Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа

Семејството Адеми бара правда, не се задоволува само со разрешување на директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, кој беше сменет од функцијата откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти. Министерот Таравари не ги открива наодите, но вели дека сите докази ќе бидат доставени до кумановското обвинителство кое поведе предистражна постапка. Сите страни се сослушани во обвинителството, но се уште не се знае за какво кривично дело се осомничени!

Ова разрешување на директорот беше поради организациски аспект на болницата, денеска е именуван нов директор на болницата. Во однос на лекарската одговорност, извештајот го оставам на лекарите кои се именувани од Министерството за здравство како стручна комисија. 5 члена ќе известат дали докторот е одговорен и ако е така, докторот навистина треба да одговара“, вели Арбен Таравари.

А доколку се утврди неодговорноста на д-р Ѓеорѓиевски, министерот Таравари рече дека ќе побара Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа. Тој додаде дека е во комуникација и со директорот на Институтот за судска медицина Александар Станов, гарантирајќи му на семејството дека извештајот од обдукцијата ќе биде 100% точен. Загриженоста на семејството Адеми е дека лекарот Ѓеорѓиевски како поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ политички ќе влијае на истрагата. Во текот на денот контактиравме со д-р Зоран Ѓеорѓиевски, но тој не сака да коментира, велејќи дека ќе зборува откако ќе бидат објавени наодите од извештајот и од лекарската комисија.

Поврзани вести