
Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави, тоа е нормално, значи само постоењето на разговор не значи дека има политика. И секако не можам да зборувам за разговори што ги водело Обединетото Кралство, но претпоставувам и знам дека тие како и ние водат разговори со секакви држави.
Ова го истакна амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер која вечерва беше гостинка во дневникот на Сител.
Таа го искажа своето мислење за тоа што опозицијата предводена од Филипче прави на тема мигранти.
Ова е тема со која државите се борат. Затоа, секако, разговарате со пријателите и сојузниците и партнерите како заедно се справуваме со ова. Повторно, она што не мислам дека е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека тоа е продуктивно. Мислам дека сериозни и продуктивни разговори треба да се водат за ова прашање кое е важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема – рече амбасадорката.

Македонски






