
Во струмичкиот театар започнаа пробите за новата театарска претстава „Синот“, по текстот на еден од најпрепознатливите и најактуелните драмски писатели на денешницата – Флоријан Зелер.
Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата улогите ќе ги толкуваат Кољо Черкезов, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова. Михаил Велков и Ванчо Василев.
Претставата е дел од Годишната програма и се реализира со материјална поддршка од Министерството за култура и туризам.