Skip to main content

Во Музејот на македонската борба изложени кубури – мајсторски изработени примероци кои претставуваат врвни достигнувања на занаетчиската уметност

Во нашата музејска поставка се изложени артефакти што сведочат за историскиот и културниот развој на нашите простори, информираат оттаму.

Меѓу нив, посебно место заземаат кубурите – мајсторски изработени примероци кои, покрај својата воена функција, претставуваат и врвни достигнувања на занаетчиската уметност. Нивната орнаментика, материјал и изработка зборуваат за времето во кое настанале и за општествениот контекст во кој биле користени.

Разновидноста на оружјето, како и неговото потекло од пошироките простори, подразбира автори од работилници за изработка на оружје од оружарниците и од Истокот и од Запад. Eдни од најрепрезентативните историски предмети се кубурите кои се изложени во првите одделенија од постојаната музејска поставка и се препознатливи по уникатноста. Кубурата – дебарска целина или популарно наречени Шилка се изработувала во работичниците во Дебар, кој бил центар на оружарскиот занает.

Овие мајстори умееле и знаеле на кој начин да го изработат месингот како технолошки така и уметнички да ги обработат овие значајни музејски артефакти кои заслужуваат посебно внимание како историски предмети со одредена намена, но и како предмети со уметничка вредност. Низ времето, биле поправани и надополнувани – украсувани од локалните мајстори со што носат и локални белези поврзани со нашата традиција.

Љубопитните посетители ќе можат самите да ги видат и истражуваат овие интересни и вредни предмети и да се запознаат со историските процеси во 19 век во време кога се изработувале и се дел од музејските витрини во постојаната музејска поставка во Музејот на македонската борба.

Даниела Николова, советник кустос

Страхил Петровски, советник конзерватор за метал и дрво

Лиљана Ангелевска, техничар во музејска поставка

Поврзани вести