Skip to main content

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ отворена изложбата „Наследство од вечната љубов” од Јана Тодорова и Софија Тодорова

 Според историчарот на уметност м-р Викторија Димеска, во делата на младите уметници Јана и Софија Тодорова, јасно се гледаат слободната ликовна игра и нивната раскошна имагинација.

-Безбројни емоции извираат од богатото колоритно творештво на сестрите Јана и Софија, изразени преку бојата и движењето на линијата. Овие емоции потекнуваат од нивната длабока потреба за постојано уметничко создавање. Во сликарскиот опус на Јана преовладува асоцијативната апстракција, додека во ликовното творештво на Софија доминира апстрактната експресија. Нивните апстрактни композиции, збогатени со искрени детски радости, сведочат за исклучителен уметнички талент наследен од вечната љубов – рече м-р Викторија Димеска, историчарка на уметност. 

Двете сестри уметници, кои поттикнати од нивната баба Елена, историчар на уметност, сликаат од тригодишна возраст, досега освоиле повеќе ликовни награди.

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“  беше отворена изложбата на дела „Наследство од вечната љубов”, од младите уметници Јана Тодорова и Софија Тодорова од Скопје, кои имаат прилепско потекло.

Поврзани вести